Екипата на Манчестер Јунајтед е „мелем“ за шпанските тимови. Откако во претходната рунда ја елиминира Барселона од Лигата на Европа, „црвените ѓаволи“ се на одличен пат тоа да му го направат и на Реал Бетис.

Во првиот меч од осминафиналето одигран на „Олд Трафорд“ Јунајтед го декласира Бетис со 4-1

Домаќините поведоа рано уште во 6-тата минута со голот на Рашфорд, но Бетис изедначи со голот на Перез во 32 минута па првото полувреме заврши 1-1.

Второто полувреме „ѓаволите“ фуриозно го почнаа, постигнувајќи два гола во рок од шест минути, Ентони(52) и Фернандез(58), за водство од 3-1.

Јунајтед продолжи со нападите кои беа крунисани со голот на Вегхорст во 84-минута, за конечни 4-1.

Со трите гола предност Јунајтед патува на гостувањето во Севиља за седум дена каде треба да го потврди пласманот во четвртфиналето,