Кошаркарите на Фенербахче славеа победа на гостувањето кај Париз во заостанат натпревар од Евролигата.

Во дуелот од 17.коло турската екипа го победи Париз со 87-83.

Францускиот тим одлично одигра во првото полувреме, имаше и најголеми 14 поени предност. Сепак Фенер во третиот период успеа на ја надополни негативата и да поведе. Во последниот квартал, двата тима честопати се менуваа во водство. Пресуди низата од девет поени во последните три минути, па на крајот Фенербахче заслужено славеше со 87-83.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шорц одигра уште еден брилијантен натпревар. Шорц постигна 22 поени на кои додаде и 8 асистенции.

Сепак тоа не беше доволно Париз да го избегне единаесеттиот пораз, по кој останува на 6.место на табелата.

Фенербахче е втор со скор 18-9, односно две победи помалку од лидерот Олимпијакос, а една повеќе од трето рангираниот Панатинаикос.