Фудбалерите на Јувентус ја остварија петтата последователна победа во италијанската Серија А. Ова откако на домашен терен Јуве ја совлада Верона во последниот натпревар од 27-то коло.
Мрежата на гостите најпрвин се затресе во 37.минута, но голот на Вестон Мекени беше поништен поради прекршок.
Отпорот на противникот Јувентус го скрши во завршните дваесет минути. Прво Турам во 73.минута, а потоа и Копмаерс во последната 90-та беа стрелци на головите за „старата дама“.
Со оваа победа Јувентус се врати на 4.место на табелата со 52 бодови, три помалку од Аталанта, а два повеќе од Лацио.
На првите две позиции се Интер со 58 и Наполи со бод помалку.





































