Македонските кошаркари ја совладаа Полска во последниот меч од евро-квалификациите. Тоа не смени ништо во конечниот епилог, бидејќи Македонија и по десет години чекање остана без ново учество на Евробаскетот. 

Селекторот Александар Јончевски по натпреварот се осврна на самиот меч, но и на целиот циклус на квалификации. 

„Победата е важна за нас, но за жал не можеме целосно да славиме и да се радуваме.

Ова особено што не се пласиравме на завршницата на шампионатот.

Мислам дека можевме и многу повеќе, особено на стартот на квалификациите кога загубивме од Естонија дома“, изјави Јончевски. 

Тој децидно не одговори дали ќе остане на селекторската функција иако веќе во август, Македонија ја чекаат квалификации за Светското првенство.