Македонската кошаркарска репрезентација ја загуби и последната надеж за ново учество на Европскиот шампионат.
Ова откако Македонија вечерва на гостувањето во Талин загуби од Естонија со 84-65.
Лошо го отворија натпреварот македонските кошаркари. Без реализација во нападот, а со лесни примени поени во одбраната. Тоа му овозможи на домаќинот да поведе до 7-2, а потоа и 18-10 што беше највисока предност во тој момент. На првата пауза Естонците заминаа со пет поени предност (22-17). Во втората четвртина, Ти Џеј Шорц ја презеде играта во свои раце. Американецот уфрли осум поени во низа со кои црвено-жолтите поведоа. Го добија тој период македонските репрезентативци, на одмор заминаа со поен предност (38-39).
Во второто полувреме Естонците го наметнаа тимскиот наспроти индивидуалниот карактер во играта. Брзо почнаа да создаваат предност и дојдоа и до двоцифрена. Тоа им даде дополнителни „крила“ па во последниот квартали имаа и 15 поени предност. На крајот Естонија славеше со 19 разлика (84-65).
Бдијала останаа 21 поени на Ненад Димитријевиќ и 20-те на Ти Џеј Шорц. Андреј Маслинко со 15 поени беше само третиот расположен играч (напаѓачки) во нашата репрезентација. Сите останати потфрлија.
Така и по 10 години, Македонија повторно ќе остане без учество на Евробаскетот, за кој ќе чекаме најмалку уште четири.
По овој пораз за Македонија останува само уште дуелот со Полска во понеделник во СЦ „Кале“ во Скопје од 18.30 часот.