Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го игра првиот од двата последни натпревари во квалификациите за Европското првенство 2025-та.

За македонските кошаркари дуелот против Естонија во Талин е „да се биде или не“!

Императив е победа со шест и повеќе поени разлика, како би е анулирала негативата од првиот меѓусебен дуел со Естонците во Скопје, кои славеа со пет разлика.

Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шорц ќе бидат адутите на Македонија. Сепак, селекторот Јончевски ќе има тешка задача да најде решение во играта под обрачите. Таму Македонија е најслаба, тоа го знае и противникот. Естонците ќе се обидат ја ја искористат и физичката предност што ја има. Воедно домашниот состав ќе има огромна поддршка од трибините бидејќи арената ќе биде исполнета до последното место.

За Македонија калкулации нема, мора се да се фрли на една карта, само така ќе може да се надеваме да ги задржиме шансите за Евробаскетот. Но, тоа не е единствениот услов за учество на шампионатот. За тоа ќе ни победа и над Полска во Скопје, но и услуга од Литванија која треба да ја победи Естонија во последното коло.

Дуелот меѓу Естонија и Македонија ќе почне од 18 часот. Во истиот термин ќе почне и вториот натпревар од нашата група меѓу Полска и Литванија.