Македонската кошаркарска репрезентација втор ден се подготвува за последните два натпревари во квалификациите за Европскиот шампионат.

Македонија 10 години чека на нов настап на континенталните првенства, откако последното го имаше во Загреб 2015-тата.

Шансата за шесто учество на Евробаскетот ќе се брка во дуелите со Естонија на гостински и Полска на домашен терен. Но, тоа не се единствените услови за пласман на првенството. Против Естонија ќе мора да славиме со повеќе од пет разлика, а потоа да чекаме услуга од Литванија ја да победи Естонија во последното коло.

Еден од големите адути на црвено-жолтите за претстојните натпревари е Американецот со македонски пасош Ти Џеј Шорц.

„Возбуден сум што пак ќе играм за нешто повеќе од тим, тоа е државата. Се надевам дека ќе помогнам и ќе го завртиме нашиот дел од работата, да победиме со Естонија и Полска, а потоа ќе видиме што ќе биде.

Мене ми е исто дали играм за Париз и Македонија, ќе се потрудам да помогнам. Нено е лидер на тимот, а јас ќе го дадам моето да му помогнам да го симнам товарот од него.

Знам дека Естонија е млад и гладен тим за успеси. Ќе мора да имаме добра енергија, затоа што знам дека имаат одлична публика. Последен пат кога играв со Естонија во дресот на Македонија, го почувствував тоа.

Сега сакам да биде поинаку“,  вели Шортс.

Првиот, натпреварот против Естонија ќе се игра во Талин во петок (21 февруари) од 18 часот.

Три дена подоцна (24 февруари) во Скопје, ќе следува дуелот против Полска.