Македонската кошаркарска репрезентација денеска ќе го има првиот собир пред одигрувањето на последните два натпревари во евро-квалификациите.

Селекторот Александар Јончевски во 18 часот во СЦ „“Кале“ ќе ја направи прозивката на кошаркарите кои се на неговиот список. Меѓу нив, се евролигашите Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шорц. За прв пат овие двајца одлични плејмејкери ќе бидат заедно во дресот на Македонија.

Со нив Македониј ќе атакува на две победи во дуелите со Естонија и Полска на кои на црвено-жолтите им се неопходни.

Тоа значи дека на центарските позиции ќе бидеме особено „ранливи“ имајќи в предвид дека Итан Хап повторно неможе да помогне.

Триумф над Естонците со повеќе од пет разлика, а потоа било каков над Полска, не е гаранција за место на Евробаскетот. Тоа се само два од трите предуслови Македонија да игра на Европскиот шампионат. Последниот е Литванија да ни направи услуга и да ја победи Естонија.

Само така македонија по 10 годишна пауза пак би играла на Европското првенство.

Првиот натпревар против Естнија во Талин ќе се игра во сабота (21 февруари), а во дуелот со Полска во Скопје е закажан за 24 февруари.