Екипата на ТФТ го победи Работнички во дерби дуелот од 17.коло на Првата машка кошаркарска лига.
Натпреварот одигран попладнево во СЦ „Кале“ го добија кошаркарите на ТФТ со 81-79.
Во најголемиот дел од првото полувреме кошаркарите на ТФТ беа оние кои има предност, а најголемата изнесуваше 11 поени. Во вториот период Работнички успеа дури и да поведе, но ТФТ беше оној кој на одмор замина со позитива од два поени 49-47.
Речиси иста слика и во второто полувреме.
ТФТ во третиот квартал имаше и најголеми 14 поени предност. Сепак Работнички на стартот на последниот дојде на -2 (69-67), a на 27 секунди пред крајот и на -1 (80-79).
Иако го имаа последниот напад, сепак немаа сили кошаркарите на Работнички повторо да направат пресврт, па ТФТ заслужено се радуваше на 12-тата победа.
Прв стрелец во победничката екипа беше Говенс со 29 поени, додека во поразениот состав на Капетановиќ со 18 .
Со овој триумф тимот на ТФТ сега е на една победа помалку од лидерот МЗТ Скопје кој вчера загуби на гостувањето кај Гостивар. Тимот на Работнички останува трет со ист „скор“ (10-7) како и Пелистер кој денеска загуби од Феникс.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 17 коло
Денеска
ТФТ – РАБОТНИЧКИ 81-79
ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР 85-77
ВАРДАР – ЧАИР 81-107
ТИКВЕШ – ШКУПИ во тек
МКК КУМАНОВО – КОЖУВ во тек
Одиграно вчера
ГОСТИВАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 60-55