Во кошаркарската евролига на програмата се дуели од 25-тото коло.
Во воведниот одигран во Истанбул, домашниот Анадолу Ефес го победи Реал Мадрид со 79-72.
Турскиот тим ја доби првиот квартал со осум разлика, но на полувреме се замина со израмнети 38-38.
Реал продолжи во ист ритам и во третиот период, па во последниот влезе со +5 (56-61). Домашниот состав брзо ја надополни негативата па дури повторно поведе со осум разлика (75-67). Тогаш на сцена стапи Марио Хезоња кој го врати „кралскиот“ тим во игра, па во завршните 2.минути се влезе со кош предност на Ефес (75-73).
Сепак немаше сили Реал за комплетен пресврт, па Анадолу Ефес ја прослави втората победа сезонава над Реал
Со неа (вкупно 12-победа) турската екипа останува во игра за позициите што водат во плејофот, а таму засега е и Реал кој е дури осми. За Реал ова беше втор пораз во низа на гостински терен, откако пред четири дена загуби од Монако. Шпанскиот тим веќе за два дена игра продорно во Истанбул против Фенербахче, кој вечерва гостува во Атина кај Панатинаикос.