Македонските репрезентативци претставници во Евролигата, Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шорц се радуваа на победи. Тие со своите екипи Армани Милано и Париз славеа во натпреварите од 24-тото коло.
Димитријевиќ со Армани во Милано го надиграа фаворитот Панатинаикос со 87-75. Нено на теренот мона нешто над 11 минути, период за кој реализира 4 поени, две асистенции и еден скок.
За „манекените“ на Армани ова беше 13-тата победа со која се на 10.место на табелата, а Панатинаикос по 10-тиот пораз остана петти.
Ти Џеј Шорс со Париз, исто така на домашен терен, ја доби француската пресметка со Лион Вилербан со 91-82. Шорц денеска не беше најефикасниот играч во својот тим бидејќи заврши со 13 поени, на кои додаде 6 асистенции и 3 скока. Прв стрелец во победничката екипа беше Германецот, Маодо Ло со 18 поени.
Париз е на 4.место на табелата со скор од 14 победи и 9 порази колку што има и Монако. На првите две позиции се Олимпијакос (16-7) и Фенербахче (15-7).