Со седумте одиграни натпревари вечерва комплетирано е седмото коло во фудбалска Лига на шампиони.
Најубедливата победа ја оствари Реал кој во Мадрид го декласира Салцбург со 5-1. По два гола за „кралевите“ постигнаа Родриго и Винициус, а во листата на стрелци се запиша и Мбапе.
Македонските интернационалци Ристовски и Адеми со својот Динамо беа немоќни на гостувањето во Лондон. На „Емирати“ тимот на Арсенал славеше победа со 2-0.
Големо изненадување се случи во Холандија каде Феенорд го победи германскиот Баерн Минхен со 3-0.
Единствената победа денеска за гостинските екипи ја оствари Интер кој минимално со 1-0 славеше во Прага кај Спарта.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 7.КОЛО
Среда
РЕАЛ МАДРИД – САЛЦБУРГ 5-1
АРСЕНАЛ – ДИНАМО ЗАГРЕБ 2-0
ФЕЕНОРД – БАЕРН МИНХЕН 3-0
МИЛАН – ЏИРОНА 1-0
СПАРТА ПРАГА – ИНТЕР 0-1
СЕЛТИК – ЈАНГ БОЈС 1-0