Уште една интересна и исполнета со голови вечер понудија фудбалските тимови во Лигата на шампионите.

Дербито од седмото коло се одигра на „паркот на принцовите“ каде ПСЖ со пресврт го победи Манчестер Сити со 4-2.

Англискиот шампион имаше два гола предност, со погодоците на Гричиш (50.минута и Халанд (53).

Сепак „Светците“ брзо ја надополнија негативата и преку Дембеле (56) и Баркола (61) стигнаа до израмнување. Избраниците на Луис Енрике не застанаа тука, па со голот на Невест (78) стегнаа до комплетен пресврт за водство со 3-2. А, тука не беше крајот бидејчи во судиското дополнение Португалецот, Гонзало Рамош беше стрелец на четвртиот гол, за конечни 4-2.

ПСЖ по оваа победа со 10 бодови е на 22 место на табелата, а Манчестер Сити кој има само 8 бода е 25-ти.