По МЗТ Скопје У.Б., а претходно и Струга, екипата на Водно Санс ја продолжи победничката низа во вториот дел од сезоната на Втората машка кошаркарска лига.

Младиот 17-годишен Атанасиј Трајанов (кој настапува и во јуниорската екипа – до 18 години) со кош во последната секунда му донесе победа на Водно Санс во дуелот со второ рангираниот тим на табелата Соколи од Штип со конечни 96-94. Со оваа победа Водно Санс се проби на табелата со скор од 9 победи и 8 порази колку што има и седмиот МКК Куманово кој убедливо го совлада тимот на Баскет Кам со 21 поен разлика.

Работнички кој беше подобар од Охрид за седум разлика, барем за миг се врати на третото место на табелата, со ист скор како и Соколи (12-5), а во исчекување на исходот од последниот дуел од оваа рунда закажан за во вторник меѓу МЗТ Скопје У.Б. и Ангели.

Утре ќе се одигра претпоследниот меч од ова коло во кој последно пласираниот тим на табелата Струга, кој досега нема победа, го пречекува велешки Борец Баскет.

ВТОРА ЛИГА 16-КОЛО 
ВОДНО САНС – СОКОЛИ 96-94
РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 80-73
МКК КУМАНОВО – БАСКЕТ КАМ 79-58
ШКУПИ – ВАРДАР 84-76
ЦРН ДРИМ – БОРЕЦ БАСКЕТ (понеделник)
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ (вторник 14 часот)

ТАБЕЛА 
1 ВАРДАР 31 бод
2 СОКОЛИ 29
3 РАБОТНИЧКИ 2  29
4 АНГЕЛИ 27 (-1 натпревар помалку)
5 ГКК ОХРИД 27
6 ВОДНО САНС 26
7 МКК КУМАНОВО 26
8 ШКУПИ 24
)9 МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 23 (-1
10 БОРЕЦ БАСКЕТ 22 (-1)
11 БАСКЕТ КАМ 20
12 ЦРН ДРИМ 16 (-1)