Дерби дуелот од 25-тото коло на италијанската Серија А, одигран во на „Олимпико“ во Рим, и припаднаа на Рома која славеше победа во дуелот со Јувентус. 

Тимот на Мурињо, најде „лек“ за Јувентус и ја прекина серијата од пет победи во низа на „старата дема“.

Рома до победата од 1-0 стигна со голот на Џанлука Манчини постигнат во 53-тата минута од натпреварот. 

Со оваа победа и трите освоени бодови, „волчицата“ го искористи киксот на Милан кој загуби од Фиорентина, па римскиот тим се проби на 4-тото место на табелата, со бод помалку од градскиот ривал Лацио, а исти 47 бодови како и петто пласираниот Милан.