Македонскиот Олимписки Комитет следното лето ќе биде домаќин на Европскиот Младински Олимписки Фестивал.

Денеска во СЦ „Јане Сандански“, македонската спортска младина, со кратка кореографска точка означи 200 дена до стартот на игрите.

На настанот присуствуваше маскотата „Shiny“ кој помогна на спортистите да го одбележат овој прекрасен јубилеј.

Подготовките продолжуваат, се до фестивалските денови во јули 2025!