Дуелот помеѓу четвртиот и шестиот, Ленс и Лил во најсилната француска лига, Лига 1 заврши без победник, 1-1.
Несреќниот Хозе Фонте во 41-та минута со автогол донесе предност за Ленс, гол со кој домаќините заминаа со минимална преднсот на полувреме.
Лил успеа да се врати во натпреварот преку младиот канаѓанец Џонатан Давид кој во 69-тата минута, го искористи одличното додавање на Џонатан Бамба и со прецизен удар го совлада противничкиот голман за 1-1.
Домаќините имаа одлична шанса за враќање на предноста, но шутот на Секо Фофана во 81-та минута само ја закачи стативата од надворешната страна со што резултатот остана непроменет.
Ленс со реми се искачи на третата позиција еден бод зад Марсеј кој го игра утре својот натпревар против Рен.