Ракометарите на Вадар без многу мака минаа на првото гостување во Битола. Во натпревар од 4.коло на Супер лигата, односно плејофот за разигрување за титулата, вардарци го победија вториот тим на Еурофарм Пелистер со 25-18.

Уште по првото полувреме кое го добија црвено-црните со пет гола разлика (12-7) беше јасно дека нема место за евентуално изненадување.

Дејан Манасков имаше фантастичен натпревар, Тој постигна повеќе од половината голови за вардарци, односно 13, а поддршка доби од Јагуриновски со четири и Талески кој придодаде три гола.

Вардарци за кои ова е четврта победа во плејоф конкуренцијата, остануваат на врвот на табелата.