Манчестер Сити го продолжува притисокот на водечкиот Арсенал во трката за шампионскиот трофеј во англиската Премиер лига.
Популарните „граѓани“ забележаа победа над Њу Касл во натпреварот од 26.коло одигран пред своите симпатизери.
Фоден во 15-тата и Силва во 67-минута беа стрелци на головите за Сити.
Со новите бодови и вкупно 58 Манчестер Сити сега е на два помалку од Арсенал кој во оваа рунда ќе игра на домашен терен со претпоследно пласираниот Борнемут.