Фудбалерите на Вардар забележаа значајна победа во трка за првото место во второлигашката конкуренција.

Попладнево во натпревар од 18.коло одигран на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџар, вардарци ја совладаа пето рангираната екипа на табелата Детони Плачковица со 2-0.

Откако првиот дел заврши без голови, во вториот вардарци го скршија отпорот на гостите со головите на Кристијан Вецевски во 60-тата минута за водство од 1-0, односно Дејан Цветановски кој во 84-тата минута ги постави конечните 2-0.