Воведниот натпревар од 26 коло во француска лига, Лига 1 ни донесе нерешен резултат. Средбата меѓу Ница која се брка за излез на европската сцена, и Оксер кој пак се бори за опстанок, заври 1-1.
Првиот гол со кој поведоа гостите, го постигна Хајн во 36-тата минута.
Откако Лаборде во 42 минута не реализира најстрога казна истиот фудбалер во дополнение на првото полувреме (45+4) успеа да се извади и да постигне гол, за израмнување на резултатот на 1-1.
Иако тимот на Ница доминираше и имаше дури 17 удари кон голот на гостите, сепак резултатот не се промени.
Со овој бод Оксер за миг е над црвената зона, во однос на ривалите за опстанок, кои имаат средба помалку.