Борусија Дортмунд останува на лидерската позиција во Бундес Лигата. Популарните „Милионери“ со тешка победа против Лајпциг со резултат 2-1 успеа да го задржат првото место.
По поништениот гол на Брант (13.минута) поради играње со рака, домаќинот го даде првиот гол од пенал, кој го изведе ветеранот Марко Реус (21).
Гостинскиот голман Блазвич беше совладан уште еднаш, со неверојатниот евро гол на Емре Чан (39) кој го зголеми резултатот пред крајот на првото полувреме.
По голем број шанси за двете екипи, Форсберг го постигна единствениот гол за Лајпциг на натпреварот во 74 минута.
Со крајниот резултат 2-1 за „Милионерите“ оваа е нивна петта победа во низа, и тие сега имаат три бодови повеќе од вечниот ривал Баерн Минхен кој е втор, а шест од Унион Берлин која е на третата позиција на табелата.