Македонскиот ракометен првак Еурофарм пелистер заработи казна за расистичко навивање на дуелот против екипата на Федериција.
„Дисциплинците“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ), на Е.Пелистер му изрекоа парична казна во висина од 6.000 евра.
Во образложението на ЕХФ се вели.
„Во текот на натпреварот, симпатизерите на Еурофарм Пелистер јасно изразија несоодветно и расистичко однесување кон играчите на Фредериција Хандболд Клуб.
Ракометниот Суд истакна дека мисијата на ЕХФ е да поттикне пријателство и меѓусебно разбирање меѓу членовите, да не дискриминира врз основа на политика, раса или религија и да отфрли какви било нелегитимни практики во спортот“.
Дел од глобата, односно 1.000 евра, се изрекува условно за период од две години од денот на издавање на решението.
Во рок од седум дена Еурофарм Пелистер може да се поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ.