Нема крај на главоболките за Александар Јончевски селекторот ма сениорската машка кошаркарска репрезентација на Македонија. 

Отсуствата на најдобрите за првиот натпревар од двомечот со Литванија се зголемува и со Андреј Магдевски. 

Бекот на МЗТ Скопје, ќе го пропушти првиот натпревар поради повреда. Медицинскиот тим пак ќе се обиде да му помогне, да ја надмине повредата, за втората средба на гости. 

„Имавме разговор со Магдевски. За жал нема да настапи на првиот натпревар.

Медицинскиот тим ќе се обиде да го приспособи да биде дел од екипата на вториот натпревар“ ,
изјави селекторот Јончевски.

Изборот за натурализиран играч падна на Итан Хап, но и тој нема да биде дел од „црвено-жолтиот“ состав. Крилниот центар ќе пристигне во Скопје денеска, а се очекува да биде дел од составот за вториот меч во Литванија.

На првиот меч ќе го нема ниту Ненад Димитриевиќ, а прашање е дали ќе биде дел и од вториот!?

Македонија и Литванија првиот натпревар ќе го играат во четврток во Скопје.