Машката кошаркарска репрезентација на Македонија ја очекуваат два натпревари со Литванија во квалификациите за Евробаскетот 2025-та.
Тоа се можеби најважните за евентуален пласман на шампионатот, па затоа потребна е најмалку една победа смета селекторот Јончевски.
„Ова се најважните два натпревари во овој квалификациски циклус.
Ситуацијата е таква што мораме да победиме на барем еден меч за да ги задржиме шансите за пласман на Европското првенство.
Литванија е фаворит, јасно е дека се работи за една од најквалитетните европски репрезентации. Верувам дека мечот во Скопје ќе биде показател дали сме подготвени за Европското првенство“, изјави Јончевски на почетокот на мини-подготовки.
Извесно е дека и во овие дуели (барем првиот) Јончевски неможе да смета на најдобрите.
Ти Џеј Шорц воопшто го нема на последниот список. Ненад Димитриевиќ само потврди дека ќе го прескокне скопскиот натпревар, а неизвесен е и за реваншот. Итан Хап се жали на повреда па и тој нема да игра. Андреј Јакимовски има обврски во НЦАА универзитетската лига во САД.
„Во моментов не можеме да се пофалиме со настапите на нашите репрезентативци, а во Скопје нема да играат Хап, Шортс и Димитријевиќ.
Располагаме со кошаркари кои настапуваат во домашното првенство и во регионалната АБА 2, но и таму не забележаа поголем успех оваа сезона.
Ќе се обидеме да ги изненадиме Литванците на тактички план и верувам дека ќе успееме на овие два меча да забележиме барем една победа.
Притисокот е на страната на Литванците бидејќи и тие непланирано загубија еден натпревар, од Естонија.
Поради тоа, картите им се отворени и ќе одат со сите сили да победат на двата меча против нас, затоа што не се сеќавам дека Литванија не била присутна на некое од последните Европски првенства“ – дополни Јончевски.
Првиот натпревар Македонија и Литванија ќе го играат во четврток во Скопје, а реваншот е три дена подоцна во Клаипеда.