Ракометарките на Чаир направија, за нив, историски успех, со пласманот во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Со четирите победи во двете рунди, чаирчанки се изборија за место меѓу 16-те најдобри во ова натпреварување.
Скопската екипа утре ќе го дознае својот противник за осминафиналето, за кое ждрепката ќе ја чека од првиот шешир. Според претходно најавеното (календарот) првите натпревари треба да се играат на 11-12 јануари 2025 година, а реваншите седум дена подоцна.
Ждрепката ќе биде извршена утре во 11 часот.
ШЕШИР 1
WAT Atzgersdorf (AUT)
Caja Rural Aula Valladolid (ESP)
Malaga Costa del Sol (ESP)
WHC Cair Skopje (MKD)
JuRo Unirek VZV (NED)
Madeira Andebol SAD (POR)
MSK IUVENTA Michalovce (SVK)
HC Galychanka Lviv (UKR)
ШЕШИР 2
DHC Slavia Praha (CZE)
Hazena Kynzvart (CZE)
Conservas Orbe Zendal Bm Porrino (ESP)
A.C. PAOK (GRE)
O.F.N. Ionias (GRE)
Haukar (ISL)
Valur (ISL)
MKS Urbis Gniezno (POL)