Бојан Миовски беше стрелец на единствениот гол за Македонија која теѓшко0 но заслужено славеше против Фарските Острови. 

Штипјанецот, не го криеше задоволството од оствареното, а пред се гордоста и чувството да се носи националниот дрес.

„Задоволен сум од целиот тек во ова издание на Лигата на Нациите. Знаевме дека ќе биде тешко, но ја искористивме единствената шанса и заслужено победивме.

Горди сме што сме дел од овој успех на репрезентацијата и сите со гордост го носиме националниот дрес на Македонија“,

изјави Миовски по мечот.