Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, со нова победа го заокружи најуспешниот настап во Лигата на Нациите.
На арената „Тодор Проевски“ во Скопје, Македонија успеа да го скрши отпорот на Фарските Острови и да слави со 1-0.
Македонија имаше комплетна иницијатива во речиси целото прво полувреме. Гостите успешно се бранеа. Најзрелата шанса ја имаше Алими во 39.минута кога по луцидното проигрување од Барди биеше за малку крај голот.
Гостите во ист стил (бедем пред својот гол и спорадичен контра напад) продолжија и во второто полувреме. Црвено-жолтите со сите сили се обидуваа да го скршат тој бедем. Тоа конечно им успеа во 62.минута кога Бојан Миовски ја искористи грешката на гостинската одбрана.
Македонските фудбалери на тој начин убедливо го освоија 1.место во групата, завршувајќи со 5 победи и 1 нерешен исход.
Освен промоција во повисок ранг односно „Б“ конкуренцијата во Лигата на нациите, Македонија со овие бодови ja зголеми шансата за настап во баражот за Светското првенство 2026-та. За тоа сепак ќе мора да ги сочекаме резултатите од сите останати групи и конкуренции во Лигата на Нациите.