Повеќекратниот македонски одбојкарски шампион, тимот на Струмица размислува за својата иднина, и крои планови како поуспешно да не претставува на меѓународната (европска) сцена.
Струмичани со прав се пофалија дека вчерашниот ден за нив е историски со потпишувањето на договорот со полскиот одбојкарски гигант Јастржебски Вегиел, со кој македонскиот првак започнува соработка на сите нивоа.
Во соопштението упатено до јавност се вели:
„Струмица Никоб ќе добива поддршка од полскиот гигант „Jastrzębski Węgiel“ откако викендот нашиот претседателот Владо Милев и претседателот на „Јастржебски Вегиел“ Адам Горол склучија договор за соработка. Договорот предвидува поддршка и помош за работа со младите категории на одбојкари, доусовршување но и размена на тренери и играчи заеднички учества на турнири и кампови а секако и одигрување на пријателски натпревари.
Ова е историски момент за одбојката во Струмица и Македонија. Ќе имаме комплетна поддршка во смисла на програма за работа со млади категории, размена на тренери, искуства и супервизија. Со еден збор, се што е поврзано со развојот на одбојката и кај нас и во Полска е дел од оваа потпишана соработка.
На наше особено задоволство и чест, двократниот шампион на Полска и освојувач на купот на оваа земја „Јастржебски Вегиел“на својата веб страна напиша – целта на полско-македонската соработка е размена на играчи, организирање на тренинг кампови и споделување на искуства во однос на тренинзите.
Ви ги најавуваме и првите планови и договори дека одбојкарските таленти од Полска ќе престојуваат во Македонија во јуни годинава, додека младите таленти од ОК „Струмица Никоб“ ќе бидат во Јастржебие-Здрој во декември годинава.“
Потсетување дека Струмица изминатото лето не претставуваше на европската сцена. Откако несреќно беа елиминирани во Лигата на шампионите од реномираниот холандски тим Апелдорм, играа ги продолжија натпреварите во ЦЕВ купот.