Кошаркарите на Работнички и по четврти пат се поразени во регионалната АБА2 лига. На гостувањето во Сараево, Работнички загуби од Босна со 84-58.
Со овој пораз тимот на Работички и теоретски ги загуби шансите за пласман во разигрувањето на АБА2.
што се однесува до натпреварот. Босна постојано ја контролираше играта и резултатот. Во вториот период „Центарци“ постигнаа само пет поени, што сигурно е во најславните рекорди во ова натпреварување. Домашниот тим на полувремето замина со 25 поени предност.
Во вториот дел, односно третата четвртина, Босна имаше и +31 поен разлика, па последниот период беше само чиста формалност.
Така за Работнички остануваа само уште два натпревари во групата фаза. Следниот е против Сутјеска на гостински (3 декември) и последниот во Скопје против Војводина на 12 декември.
Потсетување дека претходно и МЗТ Скопје загуби на гостувањето кај Хелиос, со што и аеродромци е чекор подалеку од плејофот.