Втор пораз за ракометарите на Вардар во рамките на групата од Лигата Европа откако вечерва на домашен терен загубија од Порто со 26:22. За гостите ова беше прв триумф во групата.

По стартното водство од 1:0 за „црвено-црните“, гостите од Португалија имаа контрола над играта и резултатот и во 14.минута поведоа со 6:3. Во тој период од натпреварот Вардар имаше проблеми со реализацијата. Но, кризата брзо помина и со серија од 4-0 македонскиот тим стигна до водство од 7:6. Падови во играта имаше кај двата тима, па грешките на Вардар, Порто ги казнува и поведува со 10:8 во 22.минута. Тоа беше и последниот гол за португалскиот тим во првиот дел, а Вардар пак направи серија од 4-0 во која во последната минута кубанецот Родригез постигна два од своите три гола во првиот дел.

Ракометарите на Порто на почетокот на вториот успеаја да изедначат, а до 40.минута се играше воглавно гол за гол и Вардар последното водство го имаше во 42.минута (16:15). Кризата во редовите и во нападот на „црвено-црните“ продолжи, па од 44.минута Вардар цели девет минути не постигна гол, а гостинскиот тим во тој период во нападот играше „7 на 6“ и стигна до позитива од четири разлика (22:18).

Најефикасен на дуелот беше Оливеира од Порто со 7 голодви, додека кај Вардар Родригез постигна 4 кај Вардар. Голманот на Порто Рема Маркеш натпреварот го заврши со 14 одбрани.

На вториот дуел од групата Мелсунген убедливо го совлада Валур со 36:21.

Германски Мелсунген е прв на табелата со 6 бодови, Порто има 3, Вардар остана со 2, а Валур е последен со 1 бод.

Во следното коло Вардар гостува кај Порто на 29.октомври.

ВАРДАР | ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА