Кошаркарите на Пелистер утре ќе го играат вториот натпревар во новата сезона од АБА2 лигата. Битолчани и гостуваат на на црногорската Подгорица во меч од „Ц“ групата.

Задачата да се оствари втората победа нема да биде ни малку лесна смета тренертот на пелистерци Александар Петровиќ.

„Одиме во Црна Гора да се надигруваме.

Противникот смени тренер, дојде селекторот на Црна Гора и очекувам поинакво издание во периодот кој следи.

Ние имаме проблеми со повредата на Бојиќ на натпреварот со МЗТ Скопје, но очекувам добро да ја презентираме македонската кошарка, па нека победи подобриот“,

изјави Петровиќ.

Дуелот Подгорица – Пелистер што ќе се игра во „Бемакс“ салата ќе почне од 18 часот