Вечерва ќе се одиграат три натпревари во Евролигата, со кои ќе се заокружи второто коло. Еден од нив е закажан во „Унипол форумот“ во Милано каде Армани ќе биде домаќин на Париз.

Тоа ќе биде и „македонското дерби“ во Евролигата. Имено на овој натпревар ќе гледаме директен дуел на двајцата плејмејкери на репрезентацијата на Македонија.

Домаќините ќе ги предводи Ненад Димитријевиќ кој изминатото лето од Русија дојде во таборот на италијанскиот тим. На спротивната страна со парижаните ќе „диригира“ Ти Џеј Шорц, кој веќе трета сезона го носи дресот на францускиот тим.

И двата тима ќе ја бркаат првата победа бидејќи во премиерното коло загубија од Макаби и Црвена Звезда.

Дуелот меѓу Нено и Шорц односно Армани Милано и Париз ќе почне во 20.30 часот.