Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра третиот натпревар во Лигата на Нациите.
Црвено-жолтите гостуваат во Рига кај Летонија во дуелот од 3.коло во третата по квалитет конкуренција во ова натпреварување.
Против Лавиците имаме позитивен „скор“, добивајќи ги трите досегашни одиграни натпревари. На последниот одигран пред пет години во квалификациите за ЕП, македонските фудбалери се радуваа на победа со 2-0 и тоа на гостински терен.
Енис Барди беше стрелец на вториот погодок на тој натпревар, па Барди на официјалната прес-конференција посака, тоа пак да се повтори.
Селекторот Милевски за овој натпревар неможе да смета на Зајков и Серафимов поради картони, но и Чурлинов и Трајковски кои се повредени. Сепак Милевски очекува неговите избраници што ќе добијат шанса на овој дуел да го дадат максимумот.
По двете одиграни кола во групата 4, Македонија со победа и реми и 4 бода е лидери на табелата во втората група. Со бод помалку (3) зад нас се токму претстојните противници, Ерменија и Летонија.
Натпреварот меѓу Летонија – Македонија ќе почне од 18 часот. Вторникот натпревар од нашата група меѓу Фарските Острови и Ерменија ќе се игра во терминот од 2.45 часот.





































