Македонската фудбалска селекција попладнево ќе го игра третиот натпревар во Лигата на нациите.

Селекторот Благоја Милевски веќе го направи изборот на 11-мината со кои ќе го започне натпреварот против Летонија во Рига.

Милевски за овој натпревар неможеше да смета на четворица фудбалери. Тој на располагање ги нема Зајков и Серафимов поради картони, односно Чурлинов и Трајковски кои се повредени. 

Ова се 11-мината со кои ќе започне Македонија во дуелот со Летонија што ќе почне од 18 часот.