Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе го игра вториот натпревар во новата сезона на кошаркарската АБА2 лига.
Аеродромци гостуваат во Загреб кај екипата на Цедевита Јуниор. Ова е натпревар од 2.коло во „А“ групата.
Сино-белите ќе атакуваат на втората победа, но за до го сторат тоа ќе мораат да одиграат борбено смета најдобриот играч на аеродромци Војдан Стојановски.
„Цедевита јуниор е млада и талентирана екипа која трча многу добро.
Ние треба да одиграме со добра енергија и борбено во одбраната.
Ако успееме да го направиме тоа, тогаш ќе може да се надеваме на успех во Загреб“,
изјави Стојановски.
Дуелот, Цедевита Ј. – МЗТ Скопје, што ќе се игра во салата „Дражен Петровиќ“ ќе почне во терминот од 18 часот.