Кошаркарите на Работнички утре ќе го играат вториот натпревар во АБА2 лигата. Тимот од „Градски парк“ го чека тешко гостување во Нови Сад кај Војводина.
Ова е дуел од 2.коло во „Б“ групата, во кој се и екипите на Босна и Сутјеска.
Работнички се судрува со финансиски проблеми па две од странските засилувања веќе си заминаа. Тимот на Горан Самарџиев сеуште ја бара формата, а како резултат на тоа се променливите игри.
„Играме против еден од најголемите фаворити за влез во АБА лигата.
Ќе мораме максимално да го испочитуваме договореното ако сакаме да имаме шанси против Војводина.
И покрај проблемите сто ги имаме ќе гледаме максимално да одиграме на овој натпревар и да уживаме во него“,
изјави тренерот Горан Самарџиев.
Работнички во првото коло загуби на домашен терен убедливо од Сутјеска со 58-71, а Војводина славеше над Босна со 77-67. Затоа и улогата на фаворит ќе ја има новосадската екипа.
Утрешниот дуел меѓу Војводина и Работнички ќе почне во терминот од 18 часот.