Борбата за прво место во Бундеслига на ,,Алијанц Арена” помеѓу Баерн Минхен и Унион Берлин заврши во корист на домашната екипа.
,,Баварците” со 3-0 го совладоа тимот од Берлин и со тоа се вратија на нивната позната позиција како лидери во најдобрата германска лига.
Баварците доминираа на натпреварот давајќи ги трите гола во последните 15 минути од првотото полувреме.
Чупо-Мотинг се запиша како прв стрелец во 31 минута, а по него мрежата на Роноу ја погодија крилата Коман(40) и Мусијала (45+1).
Со оваа победа тимот од Минхен се искачи на првата позиција рамно бодови (46) со Дортмунд кој вчера ја презема лидерската позиција со победата над Хофенхајм.