Избраниците на Дидие Дигард продолжуваат со серијата победи против фаворитите. По победата над Ленс и Марсеј, вечерва Ница на гостински терен со убедливи 0-3 го победи и Монако.

Јунак на натпреварот беше Нигериецот Терем Мофи, кој најпрвин во 8-та минута погоди за 0-1. Истиот играч во 26-тата минута на асистенција на Кефрен Турам зголеми на 0-2.
Истото дуо во 42-та минута, овој пат во различни улоги, Мофи како асистент а Турам како стрелец донесоа убедливи 0-3 и го решија прашањето на победникот.

Монако пропушти одлична шанса да фати приклучок со врвот и остана на третата позиција со 50 поени.
Ница со оваа победа дојде до 41 бод и седма позиција