Македонскиот кошаркарски првак тимот на МЗТ Скопје Аеродром е подготвен за стартот на новата сезона.
Аеродромци и во неа ќе настапуваат во три натпреварувања. Покрај обврските за одбраната на двојната круна, на домашната сцена, МЗТ ќе игра и во АБА2 лигата.
„Тимот е составен според моите желби. Имавме одлични подготовки и спремни го чекаме стартот. Како и секоја сезона атакуваме на двојна круна, а приоритет и акцент ќе ставиме на АБА2 лигата. Очекуван со поддршка од трибините да сѕартуваме со победа.
Воедно размислуваме и за натпреваротсо Пелистер. Сакаме да го освоиметрофејот, тоа е нашата цел”, тренерот на аеродромци Васко Атанасов
Сезоната за МЗТ стартува веќе утре со дуелот од 1.коло во АБА2 лигата.
Во рамките од „А“ групата сино-белите пред своите симпатизери ќе играат против екипата на Теодо Тиват.
Покрај црногорскиот тим противници на МЗТ во оваа група ќе бидат и словенечкиот хелиос Домжале и Цедевита јуниот од Хрватска.
Утрешниот дуел меѓу МЗТ Скопје и Теодо ќе почне од 18 часот.
Покрај аеродромци, во АБА2 лигата, Македонија ќе ја претставуваат Пелистер и Работнички.