Втор ден натпревари во фудбалската Лига на шампиони. Во првите два, голови имаше само во Прага каде Спарта го изненади Салцбург со 3-0. На вториот натпревар во Болоња стрелците не беа расположени, па резултатот остана почетниот 0-0.
Екипата на Спарта иако на „хартија“ беше благ аутсајдер во дуелот со Салцбург сепак славеше победа со 3-0. Домаќините поведоа уште во 2.,минута со голот на Кајринен. Во финишот на првиот дел (42) Олатуњин зголеми на 2-0. Конечниот резултат 3-0 за Спарта го постави Лаци во 58-та минута.
На натпреварот во Болоња каде истоимената домашна екипа го пречека Шахтјор, украинскиот тим пропушти голема можност. Имено уште во 4-тата минута беше досудена најстрога казна за гостите, но Судаков не го реализира пеналот.
Вечерва од 21 часот ќе се одиграат уште четири натпревари.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1. КОЛО
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ИНТЕР
ПСЖ – ЏИРОНА
КЛУБ БРИЖ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
СЕЛТИК – СЛОВАН БРАТИСЛАВА
БОЛОЊА – ШАХТЈОР 0-0
СПАРТА ПРАГА – САЛЦБУРГ 3-0