Дуелот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид одигран на „Енфилд“ го оправда приматот дерби на првото коло во Лигата на шампионите. На задоволство на домаќините, Ливерпул со пресврт славеше победа со 2-1.
Почетниот притисок на домашниот состав не ги поколеба гостите. Атлетико први стигнаа до водство кога во 17.минута Маркос Љоренте, по асистенцијата на Хулијан Алварез биеше прецизно од работ на шеснаесетникот.

Англичаните сепак одговорија пред крајот на полувремето. Во 40.минута Доминик Собослаи беше на вистинското место кога Араухо одлично го проигра со пета. До крајот на првите 45 минути мрежите мируваа, па двата тима заминаа на пауза со рамноправни 1-1.

На самиот старт на вториот дел, (48 минута), по фантастичната контра Баркола не бранет од никој изби сам пред гостинскиот голман Облак, но биеше крај голот. Затоа пак шеесетина секунди подоцна, не згреши Алаксис Мекалистер кој со ефектен гол му донесе водство на Ливерпул од 2-1.
Домашниот тим може да жали што не оствари уште по убедлива победа бидејќи имаше неколку зрели шанси за уште некој гол.
Атлетико пак иако се обидуваше да стигне до израмнување, тимот од Мадрид немаше вистинско решение во завршницата од нападите.
Сите голови од денешните натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ОВДЕ 👇👇👇

























