Македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, ќе го играат вториот натпревар од Лигата на шампионите.

Бундеслигашот Фуксе Берлин е ривалот на битолчани, кои ќе се обидат пред се да ја повторат играта од финишот од првиот натпревар во Париз.

Треба да имаме 16 добри „војници“ за ваков тип на натпревари.

За да стигнеме до добар резултат со германскиот вицешампион треба да ја повториме играта од завршницата од Париз.

За вакви дуели треба да имаме и добра ментална подготовка за натпреварот, изјави тренерот Бранислав Ангеловски.

Играч со најголемо искуство во редовите на пелистерци во Лигата на шампионите е голманот Никола Митревски.

Добро знаеме за квалитетот на противникот, но немаме што да загубиме.

Очекувам да одиграме добар натпревар, ова воедно е прв дуел на домашен терен и убаво ќе биде да одиграме пред полна сала, со поддршка од нашите навивачи, истакна Митревски

Во првото коло двата тима претрпеа пораз. Пелистер загуби на гостувањето кај ПСЖ со 31:29, додека Фуксе Берлин беше поразен пред своите навивачи од Веспрем со 32:31.

Почетокот на натпреварот Еурофарм Пелистер – Фуксе Берлин е во 20.45 часот.

ИЗЈАВА: Никола Митревски