Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, триумфираше на Големата награда на Азербејџан, 17-та трка во Формула 1 шампионат во Формула 1.

Младиот Австралиец до вториот триумф во кариерата стигна возејќи низ улиците на Баку.

Пјастри славеше пред Шарл Леклер во Ферари, додека возачот на Мерцедес, Џорџ Расел беше на третото скалило на подиумот.

Британецот до подиумот стигна откако во борбата за второто место дојде до контакт помеѓу Саинц и Перез, кои го демнеа Леклер.

По водечкото трие следуваа, Ландо Норис од Мекларен, пред бранителот на титулата Макс Верстапен, кој ја продолжи низата лоши резултати.