,,Лилјаците” на Рубен Бараха конечно се израдуваа на победа во Примера по пауза од три и пол месеци и на домашен терен приредија големо изненадување против Реал Сосиедад каде со минимални 1-0 дојдоа до важни три бода.
Тимот на Валенсија среќно дојде до водство од 1-0 со автоголот на Игор Зубелдија во 40-тата минута. За на крајот да се испостави дека овој гол ќе биде пресуден за голема победа на Валенсија.
Со оваа победа, прва по 11 ноември 2022 година, Валенсија излезе од опасната зона на испаѓање, па со 23 бода сега е 17.место, со бод повеќе во однос на Гетафе и Алмерија.