Заврши денешната програма во англиската Премиер лигата. Кристал Палас и Ливерпул се сретнаа на „Селхурст Парк“, но иако очекувавме возбудлив натпревар, но добивмe само реми без голови.

Ливерпул иако имаше иницијатива и повеќе удари кон голот, сепак избраниците на Јирген Клоп гол не успеаја да реализира, па натпреварот заврши со нај не популарниот резултат 0-0.

Ова е второ реми за „црвените“ во последните пет натпревари и со овој резултат остануваат на незадоволително седмо место на табелата, и се подалеку и од позициите што носат пласман на европската сцена следната сезона.