Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис по 62-ри пат ја „прелета“ границата од шест метри во дисциплината скок со стап.
На 24-годишна возраст, Дуплантис продолжува да ја пишува атлетската историја. Тој по деветти пат го соборува сопствениот светски рекорд. Швеѓанецот, одамна го надмина легендарниот Сергеј Бупка.
До олимпиското злато во Париз, Дуплантис стигна со нов светски рекорд што сега изнесува 6,25 метри. Откако ги надмина конкурентите, Швеѓанецот с ебореше сам со себе, а тоа му успеа во последниот трет обид.
Американецот., Кендрикс го освои сребрениот медал со скок од 5,95 метри, а бронзата му припадна на Гркот, Каралис (5,95).
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА