Во ракометната Лига на шампионите вечерва се одиграа првите четири дуели од 13.то претпоследно коло од групната фаза.
Хрватскиот првак ППД Загреб не успеа да приреди изнудување во дуелот со шампионот од Бундес лигата Магдебург и пред своите навивачи во Арена загуби со 25:31. Решавачката предност гостите ја направија кон средината на вториот дел. Ракометарите на ППД Загреб имаа слаба реализација на ударите од 7 метри и реализираа 4 од 9 обиди. Поранешниот „вардарец“ Иван Чупиќ беше најефикасен кај домашните со 6 голови, додека Тимур Дибиров беше стрелец само на еден гол. Најпрецизен на дуелот беше Каи Смитс, холандскиот репрезентативец со 9 голови.
Резултати на вечерашните дуели: Барселона – ПИК Сегед 35:25, Алборг – Елверум 31:24 и Кил – Цеље 39:27 (Б група), ППД Загреб – Магдебург 25:31. Утре се играат дуелите: Динамо Букурешт – ГОГ, Веспрем – Порто, Висла – ПСЖ (А група) и Нант – Киелце (Б група).
Табела А група: ПСЖ 20 бодови (12 натпревари), Магдебург 18 (13), Веспрем 16 (12), ГОГ 13 (12), Динамо Букурешт 11 (12), ППД Загреб 8 (12), Висла 7 (12) и Порто 3 (11).
Табела Б група: Барселона 25 (13), Киелце 20 (12), Нант 14 (12), Кил 14 (13), Алборг 11 (13), ПИК Сегед 10 (13), Цеље 6 (13) , Елверум 2 (13).