Трите екипи кои ќе ја преставуваат Македонија во женска конкуренција, на европската ракометна сцена ги добија своите противници.
Актуелниот шампион Ѓорче Петров ќе игра во Европската лига во која за противник го доби шведскиот тим Х65 Хурс. Доколку Ѓорче Петров успее да го мине овој тим, тогаш во плеј-офот за влез во групите би играл против францускиот Париз.
Првиот натпревар Ѓорче Петров го игра на гости во Хурс, на 5 или 6 октомври. Реванш мечот ќе се одигра во Скопје на 12 или 13 октомври.
Во ЕХФ Европскиот куп ќе не претставуваат ракометарките на Чаир и Металург Автокоманда кои ќе играат во второто коло.
Чаирчанки за противник го добија тимот на Керженг од Луксембург, додека Металург Автокоманда ќе игра против силната турска екипа турскиот Гореле.
Натпреварите на програма се во октомври месец. На првите (5/6 октомври) македонските екипи ќе гостуваат, а реваншите ќе се играат една самица подоцна (12/13 октомври) во Скопје.