Екипите на Тиквеш и Шкендија ќе ја преставуваат Македонија во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Тиквеш како освојувач на Купот на Македонија избори настап во ова натпреварување.
Кавадарчани ќе играат против екипата на Бреидаблик од Исланд.
Од таборот на Тиквеш денеска информираа дека се пуштени во продажба картите за натпреварот што ќе се игра во Скопје. Влезниците се со симболична цена од 200 денари и ВИП карти од 500 ден. Картите може да се набават во: Стрит бар, Инфинити кафе и Дистрикт кафе.
Првиот натпревар Тиквеш и Бреидаблик ќе го игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, а дуелот на програмата е на 11 јули (четврток) од 17 часот.